Официјално: Валтер Мацари на клупата на Торино

Валтер Мацари ќе биде новиот тренер на Торино. Само неколку часа по отказот на Синиша Михајловиќ, раководството на „биковите“ без многу одолговлекување го назначи новиот тренер, а според договорот Мацари треба да биде на клупата до 2020 година.

Екс-тренерот на Наполи и Интер веднаш се вметна како фаворит за преземање на тренерската позиција во таборот на калчолигашот. Мацари се враќа во Серија А  по неуспешниот обид  да води премиерлигашка екипа, минатата сезона се раздели со Вотфорд по само една сезона.

Се вчитува...