Охрид е подготвен повторно да ја пречека светската пливачка елита

Се е подготвено за 31-от Охридски пливачки маратон кој в сабота, на 19. август, ќе се одржи повторно во водите на Охридското езеро. Светската пливачка елита повторно ќе биде и оваа година во Охрид.

Годинешната патека е со долга традиција воспоставена од 1992 година и е наречена „Климе Савин“. Неприкосновен шампион на оваа патека со години беше легендарниот Петар Стојчев од Бугарија со 11 победи, а минатата година златото го освои македонскиот пливач Томи Стефановски.

Но, Охридскиот пливачки маратон од 1962 година се одржува во водите на Охридското езеро. Првата маратонска трка се одржала дури во 1954 година во должина од 2,5 километри да по неколку години трката се претвори во 30 километарско макотрпно докажување на спортски и пливачки способности, истрајност, дисциплина и храброст.

Женските трки во овој маратон се одржуваат уште од самите зачетоци кога Атина Бојаџи беше првата жена која победи на трката во 1962 година. Мината година златото го зеде Олга Кузудуб од Русија.

Од 1998 маратонот година стана дел и од Гран при серијата на Меѓународната пливачка федерација (ФИНА) која заедно со Пливачката федерација на Република Македонија со години го организира овој спортски настан. Главен покровител на маратонот е претседателот на Република Македонија. Оваа година како ко-организатор се јавува и Општина Охрид.

Се вчитува...