Охрид ги продолжи договорите со четири ракометари

Четворица ракометари од актуелниот состав ја продолжуваат соработката со РК Охрид и за наредната сеозна. Нови договори со охридскиот клуб потпишаа хрватските интернационалци Јосип Кежиќ и Марко Кобетиќ, десното крило Бобан Блажевски и голманот Александар Стојановски.

Новиот претседател на клубот, Љупчо Танески, изрази задоволство од продолжувањето на соработката со четворицата играчи и ги најави  идните планови на охридскиот суперлигаш.

Пред официјално да ја продолжиме соработката со играчите, отворено поразговаравме за се во клубот и во најбрз можен рок ќе настојуваме да ги исполниме нивните барања. Многу ми е мило што најдовме заеднички јазик со четворицата ракометари. Договор им е понуден и на другите играчи кои се сега дел од клубот“ – изјави Танески.

Охрид посебно внимание посветува и на работата со младите категории. РК Охрид стипендира осум млади ракометари кои тренираат под воство на Наум Бабачев. Тие се натпреваруваат во пионерската и младинската лига, а повремено се приклучуваат и во сениорската екипа која ја предводи тренерот Горан Андоновски. Договор за четиригодишна стипендија од клубот потпишаа Наум Костов, Мартин Ивановски, Јован Трајковски, Николче Ристески, Душко Тасески, Даниел Андоновски и кристијан Димитриески.

Избраниците на тренерот Горан Андоновски се подготвуваат за почетокот на пролетната полусезона во Супер лигата во првиот викенд на март. Охрид го заврши есенскиот дел на второто место на табелата зад Пелистер и втора година по ред ќе разигруваат во плеј-офот.

фото: Ohridnews.com

Се вчитува...