Ојлески: Три гола разлика не се недостижни

Ракометарите на Еурофарм Работбик денеска (16 ч.) во Норвешка му гостува на Филинген Берген, во реванш натпреварот од осминафиналето во Челинџ купот.  На првиот натпревар во Битола, норвешкиот претставник славеше победа со 25-22 и во реванот на домашен терен влегува со три гола позитива и со огромна психолошка предност.

На избраниците на Илија Темелковски ќе им треба вистински подвик за да стигнат до посакуваното четвртфинале во Челинџ клупот што би било историски успех за битолскиот клуб во дебито на европска сцена. Иако се реални во оценките дека Филинген Берген е голем фаворит во овој дуел, сепак во Еурофарм Работник се подготвени да пружат максимум и до крај да се борат за својата шанса, бидејќи како што истакнуваат, три гола разлика не се недостижни.

Па добро, негативата секако не е недостижна. По поразот на првиот натпревар на домашен терен кој не го одигравме на нашето ниво и имавме многу грешки во нападот кои противникот знаеше да ги искористи, се надевам дека денеска ќе изиграме многу подисциплинирано. Не смееме да дозволиме да наметнат нивна скандинавска игра со многу трчање и со лесни голови. Тие на домашен терен со таа игра на секој натпревар постигнуваат над 30 гола. Мора да го сопреме тој нивни ритам доколку сакаме да постигнеме позитивен резултат. Мислам дека три гола разлика не се недостижни“ – вели левото крило на Еурофарм Работник, Гоце Ојлески.

Во однос на првиот меч, на денешниот реванш во „Фрамохале“ во Берген, Темелковски во составот ќе го има и Михајло Петровски. Искусниот десен бек го засили битолскиот тим на полусезоната, но го пропушти првиот меч со Филинген.

За место во четвртфиналето од Челинџ купот во игра се и Данило Брестовац и Дарко Георгиевски со тимот на Диферданж од Луксембург . На првиот натпревар против Динамо-Виктор во Русија, Диферданж загуби со 31-26, но тимот предводен од Брестовац има шанса денеска на домашен терен да ја анулира негативата и да се избори за место во Топ 8 во Челинџ купот.

Се вчитува...