Октоподот Де Хеа го одбрани Јунајтед во Севилја

Манчестер јунајтед извлече реми без голови против Севилја во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите, и тоа благодарејќи на својот фантастичен голман Давид де Хеа. Шпанецот бранеше чудесно, чувајќи ја својата мрежа на неверојатен начин во текот на целиот натпревар.


Фудбалерите на Севилја се обидуваа од сите позиции, со шутеви од далечина, со удари со глава, а Де Хеа бранеше дури и зицери кои делуваат дека е невозможно да не се реализираат.

Мјуриел и Сарабија имаа одлични шанси кои Шпанецот ги скроти, а во завршницата на првиот дел Мјуриел шутираше со глава од пет метри, но Де Хеа успеа да одбрани на чудесен начин.

Во второто полувреме продолжи активната игра на Севилја, повторно се обидуваа, Н’Зонзи, Мјуриел и Сарабија, но мрежата на Де Хеа остана мирна.

Мурињо и неговите соиграчи треба да му бидат благодарни на својот голман, кој имаше вечер за паметење во Андалузија. Реваншот ќе се одигра на „Олд трафорд“ во Манчестер на 13.март.

Се вчитува...