Олдриџ доби „зелено светло“, се враќа на НБА-терените - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Меѓ. Фудбал
26/09/2017 22:41
Кошарка
26/09/2017 21:01
Ракомет
26/09/2017 17:49
Фудбал
26/09/2017 12:18

Олдриџ доби „зелено светло“, се враќа на НБА-терените

Олдриџ доби „зелено светло“, се враќа на НБА-терените

Срцевите проблеми кои беа утврдени кај Ламаркус Олдриџ сепак не се толку сериозни за да придонесат одличниот кошаркар на Сан Антонио спарс предвреме да ја заврши својата кариера. Лекарскиот тим на „мамузите“ денеска се јави со ново соопштение, носејќи одлична нова вест околу здравствената состојба на еден од најдобрите кошаркари во ссвојот тим.

Ламаркус Олдриџ од денеска повторно може да се занимава со сите кошаркарски активности. Откако Олдриџ имаше одредени срцеви проблеми по дуелот со Оклахома сити на 9 март, нашиот медицински тим ги изврши сите потребни анализи за да се утврди причината за ваквата состојба, а консултирани се и најдобрите специјалисти. На крајот, утврдивме дека нема причина за загриженост и Олдриџ може што поскоро да се врати на терените“ – се вели во соопштението на Сан Антонио спарс.

Камбекот на Олдриџ сигурно ќе биде одлична вест за „мамузите“ во финишот од регуларниот дел од сезоната, во кој Сан Антонио се наоѓа во трка со Голден стејт за првото место во Западната конференција.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.