Олдриџ има проблеми со срцето, нема кошарка додека не биде 100% во ред

Сан Антонио спарс во следниот период нема да може да смета на еден од своите најдобри кошаркари, Ламаркус Олдриџ, откако беше обелоденето дека тој има проблеми со работата на срцето.

Можеме да потврдиме дека Ламаркус е надвор од тимот на неодредено време. Причината се проблемите со работата на срцето. Во следниот период врз него ќе бидат извршени нови прегледи, по што ќе биде познато дали тој ќе може да се врати на терените до крајот на оваа сезона“ – соопштија од раководството на Сан Антонио спарс.

Олдриџ, кој пристигна во Сан Антонио од редовите на Портланд, важи за еден од најдобрите кошаркари на „мамузите“ сезонава, во просек бележејќи по 17,3 поени и 7,5 скокови по натпревар.

Се вчитува...