Олимпија Моторс промовираше Премиум клуб за лојалност

Да поставиме нова димензија во комуникацијата со нашите корисници, динамична комуникација, со која ќе ги градиме позитивните релации и негуваме во текот на годините. Мотото под кое отпочна настанот кој го организираше Olympia Motors, во Кинотека на Македонија, во склоп на својот Премиум Клуб за лојалност.

Настанот беше од нетворк карактер, и има за цел вмрежување на клиентите, физички и правни лица, како и соработници и корисници на услугите, како и овозможување на Б2Б контакти и остварување на понатамошна соработка.

Премиум клубот за лојалност е клуб кој нуди користење на премиум бенефицирани услови во сервисниот центар на Olympia Motors, ги обединува членовите, и ја гради заеднички лојалноста на повисоко ниво.

Корисниците на картичките на Премиум Клуб за Лојалност, покрај тоа што имаат можност да ги уживаат бенефициите во Olympia Motors, имаат можност да користат попусти кај нејзините ПКЛ партнери, воедно и нејзини клиенти правни лица, како и во останати 120 000 трговски партнери ширум светот, како дел од Cashback ззаедницата.

Обраќаме имаше и Г-динот Зоран Витанов, со големо искуство зад себе, кој помогна во дооформување на програмата, со користењето на картичките и надвор од Македонија.

Целта на постоењето на оваа програма е да направиме разлика во нашето работење, а тоа e додадената вредност, односно градење и одржување на позитивни релации со нашите партнери,соработници и корисници.

За оваа година, Olympia Motors најави, во склоп на програмата дека се предвидени уште 3 настани, и тоа куп на куглање, спортско рекреативно искачување на Водно и работилница од едукативен карактер.

Нашата посветеност кон работата и усовршување на квалитетната услуга продолжува и понатаму со една крајна цел- задоволни клиенти.

 

Комерцијален текст

Се вчитува...