Олимпијакос го нокаутираше Партизан во Белград

Партизан повторно прерано ќе го заврши својот европски настап откако српскиот првак вечерва загуби на домашен терен од Олимпијакос со убедливи 1-3. „Црно-белите“ и покрај силната поддршка од трибините сепак немаа сили да му се спротивстават на реномираниот противник, кој искусно диктираше темпо, создаваше шанси и го заврши мечот со три постигнати гола. Гостите први поведоа преку Бен во 6. минута, а само четири минути подоцна Тавамба го израмни резултатот. Сепак, тоа беше се што Партизан успеа да стори бидејќи грчкиот шампион до крајот постигна уште два гола, преку Бен и Еменике, за победа што широко му ги отвора вратите на Олимпијакос кон четвртото коло од квалификациите за ЛШ.

И екипата на ЦСКА Москва со едната нога веќе е во последната квалификациска рунда, откако рускиот вицепрвак на гостински терен славеше над АЕК со 0-2. Клучен момент беше финишот од првото полувреме, кога по еден корнер Џагоев ги доведе гостите во водство. Домашните фудбалери беа во шок, па ЦСКА на самиот старт од второто полувреме преку Вернблом постигна и втор гол, за удобна предност пред реваншот во Москва.

Славија Прага славеше со 1-0 над БАТЕ Борисов, но чешките фудбалери не можат да бидат задоволни ако се знае дека 70 минути играа со фудбалер повеќе по црвениот картон на Јаблонски, но иницијативата не успеаја да ја крунисаат со уште некој погодок.

Најнеизвесно беше во Букурешт, каде ФЦСК (поранешна Стеауа) ремизираше на домашен терен против Плзен, меч што заврши 2-2.

Резултати:

Славија Прага – БАТЕ Борисов 1-0, Карабаг – Шериф 0-0, АЕК – ЦСКА Москва 0-2, ФЦСБ – Плзен 2-2, Вардар – Копенхаген 1-0, Партизан – Олимпијакос 1-3.

Penalty Goal SKODA (1-0) Slavia Praha vs BATE… by hdlivegoals

All Goals & Highlights – AEK Athens 0 – 2 CSKA… by ZidaneHD

All Goals & Highlights – FC FCSB 2 – 2 Viktoria… by ZidaneHD

Се вчитува...