Олимпијакос го „шутна“ тренерот Хаши пред дуелот со Јувентус, Лемонис го превзема „жешкото“ столче

Олимпијакос му врачи отказ на тренерот Бесник Хаши, кој си заминува од кормилото на грчкиот првак по само три и пол месеци минати во клубот од Атина. Хаши воопшто не ги оправда очекувањата на стартот од сезоната во грчкиот шампионат, каде по поразот од 3-2 од АЕК „црвено-белите“ сега заостануваат пет бода зад водечките во домашното првенство.

На кормилото по четврти пат ќе застане Такис Лемонис, легендата на грчкиот шампион.

Навивачите и пред дуелот со АЕК протестираа барајќи смена на тренерот, а откако Олимпијакос го загуби овој дерби-меч управата на клубот реши да се раздели. 57-годишниот Лемонис се враќа во клубот откако претходната сезона присигна како замена за Пауло Бенто, па до крајот на сезоната успеа да ја донесе тилулата во домашното првенство. Црвено-белите ги очекува тежок распсред, по утрешниот двобој со Јувентус, ќе ги пречека Атромитос на домашен терен, потоа следи тешко гостување кај второпласираните Паниониос, а кон средината на октомври ги чека „невозможна мисија“ против големата Барселона на „Камо Ноу“.

Се вчитува...