Олимпијакос ќе гостува во Барселона без Спанулис

Екипата на Олимпијакос во петок ќе гостува кај Барселона во рамките од петтото коло во Евролигата, а до триумф ќе мора да се изборат без нивниот лидер, Василис Спанулис.

35-годишниот плејмејкер се уште има проблеми со левото колено, поточно веќе три недели чувствува болка која не му дозволува нормално да се движи. На само два дена пред грчкото дерби во октомври против Панатинаикос, на Спанулис му беше дијагностицирана Осгуд-Шлатер болест на коленото, па кошаркарот се уште нема официјален настап за својот тим во новата сезона.

Сепак, Олимпијакос во Барселона патува со скор од 4-0 по четири кола во Евролигата, додека каталонскиот состав забележа три последователни порази откако запиша триумф над Панатинаикос во првото коло.

 

Се вчитува...