Олимпијакос му даде отказ на Паоло Бенто

Грчкиот првак Олимпијакос се раздели со тренерот Паоло Бенто, по третиот последователен пораз во шампионатот. „Црвено-белите“ загубија на гости против ПАОК со 2-0, и тоа ја прели чашата кај раководството на клубот. Португалскиот стратег си заминува од кормилото, а негов наследник до крајот на сезоната ќе биде Василис Вузас, кој досега ја предводеше младинската академија на клубот.

„Ако ги загубите двајцата најдобри фудбалери, тоа веќе не е истиот тим. Тоа го посочував уште пред да се случи ваков пад. Сепак, благодарност до клубот и пред се до навивачите за убавите мигови“, изјави Паоло Бенто.

Грчкиот тим во зимскиот преоден рок ги продаде напаѓаќот Браун Идеје и играчот за врска Лука Миливојевиќ, а без нив тимот не игра на истото ниво.

Олимпијакос по 23 одиграни кола се наоѓа на лидерската позиција во првенството на Грција со 51 освоен бод, но и натпревар повеќе од второпласираниот Паниониос, кој досега освои 44 бода.

Се вчитува...