Олимпијакос остана без главниот играч

Олимпијакос ќе биде значително ослабен во следниот период откако беше обелоденето дека Василис Спанулис ќе моора да паузира најмалку 20 дена по повредата што ја заработи на вчерашниот меч против Колосос. Деталните прегледи потврдија дека станува збор за кинење на мускулни влакна, поради што тој најмалку две седмици ќе биде надвор од тренажен процес, по што ќе почне со тренинзи.

Тренерот Сваропулос сигурно нема да може да смета на својот најдобар кошаркар за големото дерби со Фенербахче во Истанбул, закажано за 23 февруари, а Спанулис по се изгледа ќе го пропушти и дуелот со Макаби закажан за 1 март.

Олимпијакос моментно е третопласиран на табелата во Евролигата со скор од 16 победи и шест порази.

Се вчитува...