Олимпик Марсеј доведе уште еден дефанзивец од Ла Лига

Олимпик Марсеј го договори дефанзивецот Ајмен Абденур од Валенсија, на едногодишна позајмица. По две сезони во редовите на клубот од „Месталја“, Абденур се враќа во лигата која ја познава најдобро, знаeјќи дека ги бранел боите на Тулуз и Монако во текот на неговата кариера.

„Горд сум и среќен што пристигнав во овој клуб, се надевам дека ќе успеам да помогнам на Марсеј да ги оствари своите цели за оваа сезона. Исто така сум среќен што ќе играм покрај Адил Рами, добро се познавам со него, делиме слична клупска историја, и сигурен сум дека многу ќе ми помогне да се адаптирам во новата средина. Олимпик Марсеј е голем клуб, ги има најдобрите навивачи во Франција, нема сомнежи во тој факт“, истакна Абденур.

Репрезентативецот на Тунис очекуваше да ја напушти Шпанија, откако Валенсија се засили со неколку нови играчи во задната линија. 28-годишниот дефанзивец одигра 43 натпревари за две сезони во дресот на „лилјаците“.

Се вчитува...