Oлимпик Марсеј на лето го купува Жиру?

Францускиот прволигаш Олимпик Марсеј, кој оваа зима ги доведе во своите редови Димитри Паје од Вест Хем и Патрис Евра од Јувентус, има големи амбиции за следната сезона. Сака да биде конкурентен во шампионатот со ПСЖ и со Монако, а една од трансферните цели за летниот преоден рок е напаѓачот на Арсенал, Оливие Жиру.

Французинот одигра само шест натпревари како стартер во Премиер – лигата оваа сезона, менаџерот Арсен Венгер преферира да игра со Алексис Санчез во нападот, а тоа му дава за право на Олимпик Марсеј дека може да го убеди Жиру да се врати во Франција по завршувањето на сезоната. Тој во минатото го носеше дресот на Монпелје.

Американските сопственици на Олимпик Марсеј најавија дека ќе вложат огромни средства во формирањето на тимот, за да се состави конкурентна екипа која ќе атакува на шампионската титула во Франција.

Се вчитува...