Оливер Димитриоски нов тренер на РК Прилеп

Досегашниот предводник на Металург 2, Оливер Димитриоски, е нов тренер на РК Прилеп. По решавањето на финансиските проблеми што го доведоа во прашање и настапот на прилепскиот клуб во Супер лигата, дојде до промена и на клупата.

РК Прилеп ја заврши соработката со Ице Соколески кој во иднина ќе му биде помошник на Илија Темелковски на клупата на Еурофарм Работник, а на негово место сега е ангажиран Димитриоски.

Оливер Димитриоски во изминатите сеудм години беше дел од Металург, сезонава го предводеше Металург 2 и работеше со младинските селекции во тимот.

Според најавите од Прилеп, промени ќе има и во играќкиот состав на екипата од која на полусезоната си заминаа неколку ракометари, а на нивно место ќе бидат ангажирани нови засилувања.

Се вчитува...