Оливер Пеев продолжува во грчки Диагорас

Досегашниот фудбалер на Пелистер, Оливер Пеев повторно се враќа во Грција очекувајќи да ја продолжи кариерата во грчкиот третолигаш Диагорас од Родос.

30-годишниот Пеев од 2014 до 2017 година настапуваше во Грција, во тимот на Агротикос, Пиерикос и Јоникос, од каде се врати во битолски Пелистер. Но, но по финансиското распаѓање на Пелистер, повторно се враќа во грчкиот фудбал.

Пеев, кој потекнува од фудбалската школа на Вардар, претходно има настапи и за Тетекс, Шкендија и Металург во македонскиот шампионат.

Се вчитува...