Олстар викенд: Светот подобар од САД, наградата МВП за Мари

Олстар викендот во Њу Орлеанс почна со пресметката меѓу младите ѕвезди во НБА-лигата, поделени во „тим на светот“ и „тим на САД“. Во меч во кој воопшто не се играше одбрана Американците на крајот капитулираа, па „светот“ триумфираше со 150-141. Никола Јокиќ имаше одличен настап со 12 поени, 11 скокови и 8 асистенции, додека МВП наградата заврши кај неговиот соиграч од Денвер, Џамал Мари, кој го заврши натпреварот со 36 поени и 11 асистенции. Дарио Шариќ го заврши натпреварот со 17 поени, пет скока и четири асистенции, додека најефикасen во селекцијата на САД беше Френк Камински од Шарлот, кој погоди девет тројки за вкупно 33 поени.

[youtube id=”aGtXoBoeQuc” width=”640″ height=”380″]

Се вчитува...