Омејер е „златна резерва“ на Франција на ЕП 2018

Големо беше изненадувањето во ракометната јавност откако на поширокиот список од 28 ракометари на францускиот селектор Дидие Динар се појави и името на Тиери Омејер.

Овој 41-годишен голман веќе објави завршување на репрезентативната кариера, но како што појаснија француските медиуми, неговото именување во списокот на Динар не значи и враќање во националниот тим.

Тиери Омејер не се враќа во репрезентацијата, туку само се согласи да биде на списокот во случај да биде неопходна помош, доколку дојде до несакана повреда на еден од голманите. Тој воопшто нема да оди на подготовки со репрезентацијата бидејќи веќе си има закажано одмор со семејството“ – пишува тиражниот весник „Л’Екип“ повикувајќи се на добро упатени извори.

Покрај Омејер, на списокот на Динар се најдоа уште тројца голмани, и тоа Винсен Жерар од Монпелје, Сирил Думулан од Нант и младинскиот репрезентативец на Франција, Жулиан Мајер од Шамбери

Се вчитува...