Операција „Франкенштајн“ – да се победи Лихтенштајн (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската фудбалска репрезентација се собра денеска во Скопје и го одржа првиот тренинг на комплексот во „Куќата на фудбалот“, во пресрет на квалификацискиот натпревар против Лихтенштајхн во Вадуз на 24.март и пријателскиот меч со Белорусија во Скопје четири дена подоцна. Оваа операција ја нарекуваме „Франкенштајн“, затоа што конечно треба да се разбие бариерата на порази во квалификациите, а Лихтенштајн дефинитивно не е некое силно чудовиште.

Селекторот Игор Ангеловски ќе биде во улога на капетан Валтон, а тој на помош има неколку квалитетни ‘фудбалски научници’ како Виктор Франкенштајн, пред се капитенот Горан Пандев, потоа Нестор-гол, Алекс Трајковски, Бесарт Ибраими, Давид Бабунски…

Имаат Ангеловски и неговите избраници четири дена за добро да се подготват и да го скројат планот, а потоа целта е јасна и сите ја очекуваат – да се победи Лихтенштајн во Вадуз!

Поради повреди отпаднаа Ферхан Хасани и Егзон Бејтулаи, а на повреда се жали и Езгјан Алиоски, кој и така нема право на настап против Лихтенштајн. За првпат во придружба на селекторот Игор Ангеловски се и неговите нови соработници, Милан Илиевски и Висар Ганиу.

[RoyalSlider Error] Incorrect RoyalSlider ID in shortcode or problem with query.

Се вчитува...