Општина Штип со признание за фудбалскиот стратег Влатко Костов

Општина Штип за Денот на ослободувањето на градот, 8 Ноември, подели признанија за луѓето кои дале свој придонес во афирмација на градот, а заслужена награда доби и фудбалскиот стратег Влатко Костов. Тој јавно се заблагодари за огромното признание, со оглед дека поради куп-натпреварот против Скопје не можеше да биде лично присутен на манифестацијата.

„Мојот град Штип и раководството на општината имаат една убава традиција – доделување на највисокото општинско признание „8-МИ НОЕМВРИ“ на луѓе кои сo својата работа дале придонес во афирмацијата на Штип. Посебна чест и задоволство ми е што и јас од денес сум еден од овие граѓани на Штип. Им благодарам на сите кои ја препознаа мојата успешна работа во спортот и ме почестија со вакво огромно признание. Благодарност до комисијата што одлучуваше, но и до сите оние со кои соработував во овие 20 години тренерска работа, бидејќи без нив немаше да ги имам овие резултати. Благодарност и до моето семејство, кое заедно со навивачите ми беа најголема поддршка. Ова е голем ден за мојата фамилија, затоа денес на свечената седница за доделување на признанието присуствуваа мојата сопруга Сузана и мојот поголем син Дарко, бидејќи јас и помалиот син Стефан имавме професионални обврски поради кои не бевме во можност да присуствуваме во Собранието. Ја користам можноста да им се заблагодарам на сите медиуми за поддршката што ми ја даваа во текот на годините, но и да им честитам и на сите други кои денес го добија ова угледно признание. На новиот градоначалник Благој Бочварски и новиот Совет на Општина Штип им посакувам успешна работа во интерес на граѓаните на Штип!“, објави Влатко Костов на социјалните мрежи. 

vlatko kostov priznanie 2

Се вчитува...