Осасуна го смени тренерот Капарос

Раководството на Осасуна не успева да најде лек за огромната резултатска криза, па се реши за нова тренеска смена, давајќи му отказ на Хоакин Капарос од функцијата шеф на стручниот штаб. Капарос пристигна на чело на Осасуна во ноември, со надеж дека ќе успее да го „разбуди“ овој тим. Сепак, тој на петте средби во Примера дивизион не забележа ниту една победа, триумфираше само еднаш во Копа дел реј, а фактот дека Осасуна е закопана на дното на табелата придонесе екс-стратегот на Селта експресно да си замине од Баскија.

„Хоакин Капарпос повеќе не е тренер на Осасуна. Се решивме на ваков чекор поради седумте порази на осумте натпревари со овој тренер, шест од нив со најмалку два гола разлика“ – се вели во соопштението на шпанскиот прволигаш.

Улогата на наследник на Капарос му е доделена на Петар Васиљевиќ, кој досега беше спортски директор во клубот, а сега ќе се обиде да внесе победнички дух во тимот кому му се предвидува сигурно испаѓање во втората лига.

Васиљевиќ, кој своевремено и како фудбалер настапуваше за овој клуб, своето деби на чело на Осасуна ќе го има против уште еден клуб во криза, на домашен терен против Валенсија, в понеделник.

Се вчитува...