Осман Дембеле побегна од Дортмунд и чека трансфер во Барса

Францускиот интернационалец Осман Дембеле побегна од Дортмунд, не се појави на тренингот на Борусија и чека трансфер во шпанскиот гигант Барселона. Каталонците се подготвени да платат огромни 130 милиони евра отштета за да го доведат во тимот по заминувањето на Нејмар.

Тренерот Питер Бош, зачудувачки, јавно обзнани дека клубот не знае каде е Дембеле, а тој е веќе лоциран во Барселона. Неговиот агент веќе преговара за личните услови и се очекува многу брзо да биде неговиот трансфер на “Камп Ноу”.

Се вчитува...