Османи: Направивме многу грешки, па ќе има и многу промени во составот!

Стратегот на Шкендија, Ќатип Османи, не го криеше разочарувањето од настапот на својот тим на дуелот против Милан, што тетовските „црвено-црни“ го загубија со убедливи 6-0. Воедно, Османи најави и промени во таборот на Шкендија што ќе се случуваат во следните денови, пред реваншот со Милан.

Правевме премногу грешки во одбраната, а искусен тим како Милан знаеше како да го искористи тоа и да стигне до убедлива победа. Покрај грешките, бевме многу слаби на психолошки план. Атмосферата и големината на натпреварот најверојатно предизвика страв кај фудбалерите, што беше очигледно на теренот. Пред нас е реваншот во Скопје, на кој мораме да се претставиме во подобро светло. Ќе промениме некои работи за следниот меч, сите ќе го видите тоа. Јас како тренер при доаѓањето најавив дека ќе им дадам шанса на помладите, тоа ќе се случи“ – истакна Османи.

Се вчитува...