Османи пред четвртфиналето во Купот: Важно е утре во Скопје да дадеме гол!

Двата најдобри македонски клубови Вардар и Шкендија утре од 14 часот на националната арена „Филип Втори“ ги очекува првата пресметка од четвртфиналето во Купот на Македонија.

Јасно е дека и во двата табори постои огромна желба за пласман во полуфиналето. Од Шкендија не ги кријат амбициите и за двојна круна сезонава, потенцирајќи дека максимумот ќе го дадат и во Купот да го елиминираат Вардар.

„Ќе бидат два тешки натпревари. Се разбира верувам дека патникот во полуфиналето дека ќе биде одлучен дури по вторите 90 минути. Шкендија сака пласман во полуфиналето, и според мене на патот до таа цел важни ќе бидат постигнати головите на гостински терен. Наша мала предност е можеби што реваншот ќе го играме во Тетово, но добро е покажано досега дека кога играат овие два тима сепак домашниот терен и не игра некоја голема улога“ – вели тренерот на Шкендија, Ќатип Османи пред утрешниот четвртфинален меч во Скопје.

Се вчитува...