Осогово со ново раководство: Милосов нов претседател, Крстев – шеф на стручен штаб!

Горан Милосов е нов претседател на второлигашот Осогово, избран на денешното Годишно собрание на клубот кое се одржа во просториите на стадионот „Никола Мантов“.

Горан Милосов е избран со едногласно одлука од присутните делегати, по што беа избрани и членовите на новиот Управен одбор: Оливер Досевски (потпретседател), Симеончо Стоиков (генерален секретар), Кристијан Димитријев (заменик генерален секретар), Горан Теодосиевски (спортски директор), Зоран Тодоров (кординатор на младинските категории), Витомир Алексов (комесар за безбедност), Мартин Кировски (помошник комесар за безбедност) и Горан Стојановски (правник).

Шеф на стручен штаб е Крсте Крстев, помошник Дејан Манчевски, а тренер на голманите Алекандар Андов.

Sobranie na Osogovo 2

Новото раководство на ГФК Осогово, како што беше истакнато, сака клубот да го врати на старите патеки и конечно да се стабилизира. Меѓу главните зацртани обврски на новата управа се: -Реорганизација и консолидација на сениорскиот тим и младинските категории; -Обезбедување финансии за функционирање на целиот систем; -Кадровски промени во играчкиот ростер (засилувања); а главен приоритет е подмладување на екипата и опстанок во Втора лига.

Од новиот претседател,  како прв проект на клубот беше  изнесено дека ќе се формира „Клуб 50“ во кој со финансиски средства ќе учествуваат правни и физички лица. Исто така  ќе биде ангажирана и компанија за маркетинг, а од претставникот на навивачката група беше истакнато дека од пролетниот дел на сезоната на трибина се враќат и „Сејмените“.

За издвојување е што помеѓу присутните денеска  беа и Арсо Божиноски и Благој Беќарски, двајца претседатели на клубот за време кога се натпреваруваше во Првата лига.

Се вчитува...