Освежување за Гвардиола: Сане во конкуренција за настап против Базел

Фудбалерот на Манчестер сити, Лирој Сане на големо изненадување се најде на списокот фудбалери кои треба да настапат утре против тимот на Базел, во првиот осминафинален дуел во Лигата на шампиони. Германскиот репрезентативец требаше да отсуствува најмалку седум недели откако заработи тешка повреда на лигаментите против Кардиф во ФА Купот пред две недели, но според медицинскиот тим на „граѓаните“ тој е целосно опоравен од повредата и подготвен да се врати на фудбалските терени.

Се претпоставуваше дека Сане ќе пропушти околу 11 натпревари, но Сити одигра само три меча по неговата повреда. Гвардиола може да биде среќен за неговото брзо опоравување, како и одлично извршената задача од страна на неговиот медицинскиотим.

„Искрено, и јас сум изненаден како и сите други. Не очекував дека толку брзо ќе се опорави, но тој со повредата се соочи како голем професионалец. Не е во најдобра физичка состојба со оглед дека не тренираше извесно време, но вложи голем напор за да биде во конкуренција за настап. Медицинскиот тим даде „зелено светло“, па без размислување во вклучив со останатите. Секако, докторите и физиотерапевтите исто така завршија одлична работа при самиот процес на закрепнување“, истакна Гвардиола.

Се вчитува...