Освои титула со МЗТ Скопје, сега ќе ја води Цибона - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
19/11/2017 21:29
Кошарка
19/11/2017 20:35
Фудбал
19/11/2017 19:59
Фудбал
19/11/2017 19:09

Освои титула со МЗТ Скопје, сега ќе ја води Цибона

Освои титула со МЗТ Скопје, сега ќе ја води Цибона

Ланскиот тренер на МЗТ Скопје, Анте Назор, е изборот на раководството на Цибона за нов стратег на прославениот хрватски клуб. Откако Словенецот Суботиќ си замина од Цибона во игра за тренерското место во овој клуб беа неколку стратези, за на крај челниците да го изберат Назор како идеална опција.

Овој стручњак лани среде сезона дојде на чело на МЗТ, па по загубениот трофеј во Купот на Македонија на крајот по голема битка стигна до титулата, по мајсторка со Карпош соколи. Назор во текот на летото не доби продолжување на соработката, потоа беше поврзуван и со функцијата селектор на Хрватска по Евробаскет 2017, за сега конечно да најде нов ангажман.

Назор утре на прес-конференција ќе го има првото обраќање како тренер на Цибона, a своето деби во АБА-лигата ќе го има на гостувањето против Игокеа.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.