Отело Хантер, нов центар на ЦСКА Москва

ЦСКА Москва продолжува да се екипира за следната сезона, во која рускиот гигант најавува нов атак на тронот на Европа. Тренерот Димитрис Итудис фокусот го насочи кон центарската позиција, а решение за овој проблем би требало да претставува Отело Хантер.

Неколку специјализирани кошаркарски веб-страници обелоденија дека преговорите се во завршна фаза, па Хантер во следните неколку дена ќе потпише двогодишен договор со рускиот гигант. Тој во тимот на ЦСКА ќе го наследи Американецот Аугустин, кој не ги оправда очекувањата по трансферот од Химки.

Хантер, кој претходно настапуваше за Олимпијакос и за Монтепаски Сиена, ланската сезона ја мина во дресот на Реал Мадрид, каде во Евролигата имаше просек од 7,6 поени и 4,5 скокови по натпревар.

Се вчитува...