Ова е вистинскиот ЖРК Вардар: Црвено-црна „експлозија“ против Крим - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
16/08/2017 21:09
Фудбал
16/08/2017 20:24
Фудбал
16/08/2017 20:09
Фудбал
16/08/2017 19:17

Ова е вистинскиот ЖРК Вардар: Црвено-црна „експлозија“ против Крим

Македонскиот женски ракометен шампион Вардар на уверлив начин, со крајно ефикасна игра дојде до првата победа во втората фаза од Лигата на шампионките откако вечерва во “Јане Сандански” полесно од очекувањата падна Крим со 41-30 (21-12). “Црвено-црните” го одиграа најдобриот натпревар сезонава, давајќи му до знаење на својот вечерашен противник дека вечерва нема што да бара уште од самиот почеток, па се до крајот на мечот.

„Вардарки“ натпреварот го отворија супериорно, со крајно ефикасна и брза игра што резултираше со серија за водство од 7-1, која во меѓувреме не беше прекината и покрај тајмаутот на гостинскиот тренер. Избраничките на Кастратовиќ  во ист ритам, сигурно во одбрана и со разновиден напад  на средината од првиот дел зголемија на  највисоки тогаш плуст осум (12-4). Гостинките од Словенија во финишот на полувремето, за првпат на мечот сврзаа неколку погодоци во низа што резултираше со намалување на негативата на само пет погодоци (16-11). Ова беше аларм за Кастратовиќ да повика тајмаут и да подели кратки совети на своите избранички. Иако предноста на “црвено-црните”, веднаш по паузата се стопи и на четири (16-12), тие пред се со трите последователни гола на Радичевиќ ја вратија позитивата од осум погодоци (20-12). На крајот на првото полувреме нашите шампионки дури и дојдоа до највисоката предност на овој натпревар (21-12).

dembel

Како што застанаа пред паузата, така продолжија избраничките на Кастратовиќ иако најефикасната од првото полуврем, Дембеле остана на клупата. За неполни десет минути од вториот дел вардарки најпрвин за дојдоа до двоцифрена предност, за да веќе во следниот напад да ја зголемат на плус единаесет (28-17). Последните дваесетина минута од натпреварот беа формалност, па Кастратовиќ пушти во игра неколку млади ракометарки. Предноста од единаесет постепно се зголемуваше за да на неколку наврати биде дури петнаесет погодоци (38-23 и 40-25), за на крајот мечот да заврши со конечни 41-30.

Најефикасна во вечерашната победа на Вардар беше Андреа Пенециќ со 8 погодоци, пред Лекиќ и Дембеле со по шест гола, додека извонредна на голот беше Лејно, со 21 успешна интервенција. Македонскиот првак во следното коло ќе гостува во Русија на тимот на Динамо.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.