Ова се гледа само еднаш: Харден со натпревар на животот (ВИДЕО)

Само два дена откако Леброн Џејмс постигна 57 поени, уште една НБА ѕвезда одигра брилијантен натпревар за паметење, и уште поимпресивно, иако запиша еден поен помалку.

Џејмс Харден запре на 56 поени во победата на Хјустон над Јута од 137-110, а тоа што е импресивно е дека потроши само 25 шута, погодувајќи 19/25 од игра, 7/8 за тројки и 11/12 од линијата за слободни фрлања. Со фантастичниот шутерски ефект, Харден запиша и 13 асистенции, што значи со кошевите и асистенциите одговорен е за вкупно 91 од 137 поени на Хјустон. Остана само на чекор од клупскиот рекорд од 57 поени, кој од 1978 година го чува Калвин Марфи.

„Само шутирав, не знам. Не придавам толку големо значење на сето ова. Јас само се трудам да бидам најдобар за тимот, да бидам агресивен и ефектен“ – во свој флегматичен стил Харден го прокоментира одличниот меч за себе.

А, ваква партија досега во НБА лигата има одиграно само неповторливиот Вилт Чемберлеин. Само тој на еден натпревар има најмалку 50 поени, со барем 75% шут и најмалку 10 асистенции. Тој, и сега „Брадата“…

Се вчитува...