Овации за Перо Антиќ во Белград: Одлична партија во триумфот над Мега… (ВИДЕО)

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ доживеа вистински овации во Белград во враќањето, по десет години, во дресот на Црвена Звезда.

Во второто коло од АБА лигата, Црвена Звезда славеше со 90-80 против Мега, а една од клучните фигури во триумфот беше токму Антиќ.

Црвена Звезда се мачеше на почетокот, па навивачите на „црвено-белите“ почнаа со скандирањата за уфрлување на Перо Антиќ на паркетот. А, македонскиот кошаркар веднаш им возврати со извонредна тројка…

Потоа се нижеа нови шутеви, за конечно да го заврши Антиќ мечот со 10 поени, од кои три тројки, за десет минути на паркетот.

На спротивната страна, во дресот на Мега настапи и Предраг Самарџиски, но не успеа да се запише во листата на стрелците за нешто повеќе од пет минути на паркетот.

Се вчитува...