Ожие како Розберг – ја завршува кариерата со шампионска титула

Светскиот шампион во ВРЦ, Себастиен Ожие по освојувањето на петтата шампионска титула по ред, изјави дека размислува да стави крај на кариерата.

Францускиот возач првите години од својата кариера во рели натпреварите ги мина во тимот на Цитроен каде беше ви сенка на деветкратниот шампион Себастија Лоеб. По преминувањето во тимот на Фолксваген доживеа полна афирмација и освои четири шампионски титули, а минатата сезона потпиша едногодишен договор со тимот на Форд-М-Спорт.

Секогаш анализирам многу работи, како во кариерата така и во личниот живот и не носам избрзани решенија. Во моментов не сум сигурен што сакам да правам во иднина, ни каде. Уживам во секој викенд кога сум дома со мојот синот и со сопругата и тие денови се разликуваат многу од оние што ги поминувам на трките“ – изјави 33-годишниот Себастиен Ожие.

Најавата на Ожие за крај на кариерата ги изненади неговите фанови кои веруваа дека Французинот може да го достигне засега недостижниот Лоеб. Слична ситуација минатата сезона приреди и Нико Розберг кој откако ја освои шампионската титула во Формула 1, изненадувачки реши да стави крај на натпреварувачката кариера.

Се вчитува...