Озил бара 10 милиони евра годишно за преселба на „Камп Ноу“

Ѕвездата на Арсенал, Месут Озил наводно побарал 10 милиони евра годишна плата за следното лето да пристигне во Барселона како слободен играч. Со оглед на тоа дека Барселона не би била обврзана да исплати отштета на англискиот клуб, Озил свесно си дозволува да побара голема плата. 29-годишниот офанзивец бара 370.000 евра неделно, што е еднакво на 19 милиони евра годишно, а по даночното одземање за него би останале 10 милиони евра.

На германскиот репрезентативец во јуни му истекува договорот со „топчиите“, а Венгер има се помалку време да го наговори Озил да остане на „Емирати“. Интересот за него не е само од Шпанија, како опции се спомнуваат Баерн Минхен и евентуален кам-бек во Шалке. Манчестер јунајтед речиси нема никакви шанси бидејќи Венгер нема да дозволи Озил да заигра кај Мурињо, па затоа како последна опција би го пуштил да се пресели на „Камп Ноу“

Иако овој трансфер ќе го разгори жарот меѓу ривалите Реал и Барса, знаејќи дека три години го носеше „кралскиот“ дрес, Озил го гледа тоа како шанса да заигра покрај еден од најдобрите фудбалери на планетата, Лео Меси.

Се вчитува...