Пабло Ласо останува тренер на Реал, соработката ќе трае до 2020 година

Тренерот на Реал Мадрид, Пабло Ласо, ја обнови соработката со „кралскиот“ клуб до 2020 година. Ласо влегува во седмата сезона како предводник на Реал, откако првпат на тренерската позиција застана во 2011 година. Неговиот актуелен договор имаше важност до крајот на сезоната 2017/2018, но раководството на Реал реши да ја продолжи соработката со искусниот стратег.

Кошаркарскиот клуб на Реал Мадрид под водство на 49-годишниот шпански стратег има освоено 13 трофеи. Три се во домашното првенство (2013, 2015, 2016 година), пет пати беа освојувачи на шпанскиот Куп (2012, 2014, 2015, 2016, 2017 година), додека три пати го подигнаа и пехарот од шпанскиот Суперкуп (2012, 2013, 2014 година). Како најзначајни одличја се сметаат трофеите од Евролигата и ФИБА Интерконтиненталниот куп, кои Реал Мадрид ги обедини во 2015 година.

Се вчитува...