Падна шампионот ЦСКА Москва, Олимпијакос е првиот финалист во Евролигата - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Кошарка
28/07/2017 0:03
Ракомет
27/07/2017 20:56
Фудбал
27/07/2017 20:21
Ракомет
27/07/2017 13:26

Падна шампионот ЦСКА Москва, Олимпијакос е првиот финалист во Евролигата

Падна шампионот ЦСКА Москва, Олимпијакос е првиот финалист во Евролигата

Грчкиот тим Олимпијакос е првиот финалист на завршниот Ф4 турнир во Евролигата, откако во првото полуфинале го елиминира актуелниот првак ЦСКА Москва, славејќи со 82-78. Иако „армејците“ имаа и двоцифрена предност во текот на мечот, сепак, Олимпијакос со неверојатен финиш направи целосен пресврт и во финалето ќе го очекува подобриот од дуелот меѓу Фенербахче и Реал Мадрид.

Првата четвртина ЦСКА Москва ја доби со 18-12, а на полувреме замина со седум поени предност (40-33). Во третиот период, рускиот тим имаше уште поголема предност (64-54), но тогаш почна пресвртот на Олимпијакос. Со првата тројка на Спанулис, што ја постигна дури во неговиот шести обид, грчкиот тим првоат дојде во водство. Беше неизвесно до самиот финиш, а речиси во последниот напад, Теодосиќ, кој претходно беше најдобар поединец во рускиот тим, непромислено се одлучи за шут за три поени, иако Олимпијакос имаше само два поени предност (79-77). На крајот, грчкиот тим направи изненадување и го елиминира шампионот ЦСКА Москва.

Спанулис, Принтезис и Папаниколау постигнаа по 14 поени во победничкиот тим на Олимпијакос, а најефикасен на мечот беше Теодосиќ со 23 поени. Нандо Де Коло беше стрелец на 16 поени.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.