Палермо го зема со себе Емполи во Серија Б, Несторовски му пресуди

Палермо испадна, а со себе го поведе и Емполи, победувајќи го со 2-1 на домашен терен. Беше тоа клучен меч за опстанок за Емполи, но гостите не знаеја да стигнат до триумф, а Илија Несторовски беше стрелец на првиот гол за тимот од Сицилија. Во 76.минута, Нестор-гол одлично реагираше на центаршутот на Рисполи и со удар со глава ја затресе мрежата на Емполи. Тоа е 11.погодок за макеоднскиот интернационалец оваа сезона во италијанскиот шампионат, прв по пауза од три месеци.

По ова Бруно Енрике зголеми на 2-0, а Раде Круниќ само го намали резултатот.

Кротоне со блескава серија во последните десетина натпревари и со вечерашниот триумф над Лацио со 3-1, успеа да избори опстанок во елитата. Налини беше двоен стрелец, а и Фалцинели се запиша меѓу стрелците. За „лацијалите“ погоди Чиро Имобиле од пенал.

Интер беше убедлив на збогувањето од своите гледачи и во Милано го совлада Удинезе со 5-2. Ревија голови имаше и на дуелот меѓу Торино и Сасуоло (5-3). Фиорентина и Пескара одиграа 2-2.

Се вчитува...