Панатинаикос ја доби грчката пресметка во „пеколот“ во Атина, Фенер убедлив со Бамберг - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
23/11/2017 21:55
Фудбал
23/11/2017 20:53
Кошарка
23/11/2017 19:42
Фудбал
23/11/2017 19:31

Панатинаикос ја доби грчката пресметка во „пеколот“ во Атина, Фенер убедлив со Бамберг

Панатинаикос ја доби грчката пресметка во „пеколот“ во Атина, Фенер убедлив со Бамберг

Панатинаикос ја доби грчката пресметка во шестата рунда натпревари од Евролигата, славејќи против Олимпијакос со 62-70.

„Зелените“ го изненадија лутиот ривал пред неговите навивачи нанесувајќи му го вториот пораз (наспроти и четири победи) во досегашните натпревари од најквалитетното европско клупско натпреварување.

Предводници во триумфот на Панатинаикос беа Гист со 15 поени и 6 скока, Лекавичиус мечот го заврши со 14 поени, а Риверс со 12 поени зад своето име. Кај Олимпијакос се издвои Стрелниекс со 18 поени.

Фенербахче го декласираше Бамберг со 57-80, стигнувајќи до својата петта победа во седмиот натпревар во Евролигата.

Во тоталната доминација на Турците, пет кошаркари имаа двоцифрен ефект од кои најефикасен беше Јан Весели со 15 поени, а Луиџи Датоме мечот го заврши со 12 поени и пет скока. Кај домашните најдобар беше Рубит со 20 постигнати поени.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.