Панчев и Најдоски во Штип ќе играат за ветераните на Ц. Звезда во чест на Шекуларац - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
26/05/2017 16:51
Ракомет
25/05/2017 21:10
Коментари
25/05/2017 18:53
Фудбал
25/05/2017 14:47

Панчев и Најдоски во Штип ќе играат за ветераните на Ц. Звезда во чест на Шекуларац

Панчев и Најдоски во Штип ќе играат за ветераните на Ц. Звезда во чест на Шекуларац

Прославените македонски фудбалски легенди, Дарко Панчев и Илија Најдоски ќе бидат дел од тимот на ветераните на Црвена Звезда на ревијалниот натпревар кој на 27. мај треба да се игра во Штип во чест на родениот штипјанец, Драгослав Шекуларац.

За 27. мај во Штип е планирана официјалната промоција на спомен обележјето за 79-годишниот Шекуларац, едно од најславните имиња во историјата на „црвено-белите“ со 375 настапи и 119 постигнати гола за белградскиот тим, но и поранешен тренер на Црвена Звезда, кој е роден во Штип. Како што информираат организаторите, во рамките на тој хепенинг планирано е одигрување ревијален натпревар меѓу ветераните на Брегалница и ветерани на Црвена Звезда.

pancev i sekularac

Организаторите на настанот добиле потврда за присуство на Дарко Панчев и Илија Најдоски, а се очекува потврда за евентуално доаѓање и на бројни македонски фудбалски легенди кои настапувале во дресот на Црвена Звезда како Драган Канатларовски, Митко Стојковски, Дарко Крстески, Драган Христовски…

За составот на ветераните на Брегалница, пак, најавени се бројни имиња кои оставиле силна трага настапувајќи во минатото за „сините“.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.