Панчев за младинците: Барди има силен шут, верувам во Кире Маркоски... - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
16/01/2017 12:10
Ракомет
16/01/2017 13:01
Ракомет
16/01/2017 9:51
Ракомет
15/01/2017 23:03

Панчев за младинците: Барди има силен шут, верувам во Кире Маркоски…

Панчев за младинците: Барди има силен шут, верувам во Кире Маркоски…

Легендата на македонскиот фудбал, Дарко Панчев, има само пофални зборови за младинскиот национален тим кој во јуни ќе биде дел од ЕП за играчи до 21 година. Панчев во интервју за српскиот портал Мондо говори за квалитетите на нашите младинци, кои во групната фаза од шампионатот во Полска ќе се сретнат и со младинската селекција на Србија.

Ние немаме искуство од играње на големите натпреварувања и тоа може да биде мал хендикеп. Се појави извонредна генерација која знае како да игра на резултат, цврсти се, воиграни, примаат малку голови и можат да им создадат проблеми на бројни селекции. Неслучајно ги оставија Французите зад себе, не се премногу ефикасни, но можат да се носат со секого. Србија според мене е во предност бидејќи не само што учествува на големите натпреварувања, туку и два пати стигнувала до пехарот. Тоа не мора да биде пресудно, бидејќи на оваа возраст осцилациите се нормална појава, а многу фактори влијаат на конечниот епилог“ – го почнува Панчев разговорот за „Мондо“.

Тој не ја пропушти можноста да им се заблагодари на Украинците за големата услуга со победата во Исланд во последното коло.

Многу им должиме на Украинците, кои чесно ги одиграа последните две средби без резултатски императив и славеше над наши директни ривали. Ние ги искористивме киксовите на Франција и Исланд и го освоивме првото место, заслужено одиме во Полска и тоа е извонредна можност овие момци на големата сцена да покажат колку навистина вредат. Имаме четири – пет интернационалци, штета што не се стандардни во своите клубови. Само Барди игра редовно за Ујпешт, тој е интересен играч, добар работник, многу трча и има одличен шут од далечина. Маркоски игра во Работнички и во него имам голема доверба, тој е класичен гол-играч“ – истакнува Панчев.

Поранешниот голгетер има високо мислење и за селекторот Боби Милевски.

Му бев директор во Вардар, тој е многу стабилен човек и многу го сака фудбалот. Се реши за тренерски ангажман по завршувањето на кариерата и целосно се посвети на оваа репрезентација. Работеше малку и во Вардар, но пласманот на ова ЕП сигурно ќе му биде огромен плус во натамошната кариера“ – порачува Дарко Панчев.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.