Пандев има нов тренер: Давиде Балардини повторно на клупата на Џенова - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
24/11/2017 17:32
Кошарка
23/11/2017 21:55
Фудбал
23/11/2017 20:53
Кошарка
23/11/2017 19:42

Пандев има нов тренер: Давиде Балардини повторно на клупата на Џенова

Пандев има нов тренер: Давиде Балардини повторно на клупата на Џенова

Давиде Балардини по трет пат ќе застане на кормилото на Џенова, откако Иван Јуриќ доби отказ по поразот во градското дерби од Сампдорија овој викенд.

Екс-тренерот на Палермо беше фаворит за превземање на калчолигашот во кој игра и капитенот на нашата репрезентација, Горан Пандев, а клубот денес ја потврди конечната одлука.

„Раководстовото на Џенова по трет пат го назначи Давиде Балардини за нов тренер на првиот тим. Му посакуваме успешна работа“, пишува во соопштението на Џенова.

Балардини претходно ја предводеше екипата во сезоната 2010/2011, како и 2013 година, а сега ќе има задача да ја спаси Џенова од евентуална елиминација од првата лига, бидејќи по 12 кола во Серија А, се наоѓаат на 17. место со шест освоени бодa.

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.