Пандев ќе добие нов тренер, Јуриќ повторно пред отказ од Џенова

Горан Јуриќ повторно се наоѓа пред отказ во Џенова откако тимот на нашиот Горан Пандев се најде во резултатска криза. Поразот од новиот прволигаш Спал придонесе Џенова да падне на 18. место на табелата со само шест бода по првите единаесет кола, па јасно е зошто челниците на навивачите на клубот се незадоволни од работата на хрватскиот стратег.

За вечерва е закажан кризен состанок меѓу раководството на Џенова и самиот тренер, на кој според италијанските медиуми многу лесно може да се случи Јуриќ да добие отказ.

За Хрватот ова не би било првпат да добие отказ во овој клуб, откако ја почна и ланската сезона на клупата на Џенова, по што доби отказ по слабиот старт на сезоната. Тој се врати пред крајот на сезоната и помогна да биде обезбеден опстанок, но како што стојат работите Јуриќ нема уште долго да остане на кормилото на овој клуб.

Се вчитува...