Пандев ќе има нов тренер, Иван Јуриќ доби отказ во Џенова

Хрватскиот стратег Иван Јуриќ си заминува од кормилото на италијанскиот калчолигаш Џенова, чиј член е Горан Пандев. По поразот во градското дерби од Сампдорија (0-2) беше јасно дека ќе дојде до разделба меѓу Иван Јуриќ и раководството на клубот. Тој уште минатиот викенд доби ултиматум дека мора да ја победи Сампдорија доколку сака да остане на клупата на тимот.

По заминувањето на Јуриќ се очекува Давиде Балардини да го преземе кормилото на Џенова. Тој во минатото двапати ја водеше Џенова, а беше и тренер на Палермо.

Се вчитува...