Пандев на дружба со фановите: „Гранде Пандев“ отвори нов фан-шоп на Џенова (ФОТО)

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев доби чест од својот клуб да биде тој кој официјално ќе го отвори новиот фан-шоп на Џенова.

Заедно со својот соиграч Зукановиќ, Горан Пандев ја отвори новата продавница и потоа се „впушти“ во дружба со навивачите на Џенова.

Pandev so navivaci

По доаѓањето на новиот стратег на клупата на Џенова, Пандев повторно се најде во преден план во тимот па веќе го стартуваше мечот против Кротоне на кој Џенова дојде до победа. Сега, ги очекува пресметката со Рома…

Pandev so navivaci 2

„Рома е одличен тим, но ние сега секако со зголемена самодоверба сакаме победа и триумф пред своите навивачи“ – истакна Пандев на вчерашната дружба со фановите.

Pandev so navivaci 3

Се вчитува...