Пандев по поразот: Уште не сме спасени, мораме да играме подобро

Горан Пандев не го криеше разочарувањето откако Џенова ја прекина серијата добри игри губејќи со 2-0 на гостувањето против Болоња. Македонецот беше најсветла точка во својот тим, имаше неколку обиди да ја затресе противничката мрежа, еднаш се обиде од огромна далечина да го изненади истрчаниот Миранте, кој едвај стигна да спречи гол.

„Го видов Миранте и се обидов… штета, ќе беше прекрасен погодок. Поразите никогаш не носат добри чувства, но денеска сум посебно разочаран бидејќи не одигравме онака како што знаеме. Сите треба да знаат, уште не сме спасени, опстанокот не е обезбеден, а за остварување на таа цел мораме да играме многу подобро. Треба да работиме на сите делови од теренот, но и да играме 90 минути“ – изјави Пандев.

 

Се вчитува...