Пандев погоди дирек, па асистираше за победничкиот пенал на Џенова… (видео)

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев имаше една од клучните улоги во победата на Џенова од 1-0 против Беневенто во 18. коло од Серија А.

Пандев во првото полувреме немаше среќа и самиот да се запише во листата на стрелците, погодувајќи го во 40. минута само дирекот од голот на Беневенто по еден убав шут од работ на шеснаесетникот.

Во вториот дел, си создаде уште една одлична шанса во 66. минута но противничкиот голман одбрани, за да во 91. минута одлично му асистира на Лападула над кого беше направен пенал. Лападула беше стрелец и на голот од белата точка за триумф од 1-0…

Џенова по 18. коло со 17 бода е на 15. место на табелата, додека Беневенто остана на последната, 20-та позиција, со само еден освоен бод, оној против Милан.

Се вчитува...