Пандев се врати во Милано, Интер едвај ја победи Џенова

Интер ја совлада Џенова со 1-0, со голот на Данило Д’Амбросио во 88.минута од средбата. Горан Пандев се врати на „Џузепе Меаца“, влезе како резерва во 74.минута, имаше и шанса, но не успеа да го совлада Хандановиќ.All Goals – Inter 1-0 Genoa – 24.09.2017 by goalsarena2017Лацио беше убедлив против Верона на гости и славеше со 0-3. Чиро Имобиле беше двоен стрелец, а и Марушиќ се запиша во листата.

Резултати Италија: Калјари – Киево 0-2, Интер – Џенова 1-0, Кротоне – Беневенто 2-0, Верона – Лацио 0-3, Сампдорија – Милан 2-0.

Се вчитува...