Пандев за понудата на Џенова: Во јуни ќе одлучам дали ќе продолжам да играм или не…

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев игра во одлична форма оваа сезона во дресот на Џенова, постигна значајни голови против Лацио и против Интер, па дојде и понудаар од клубот за продолжување на соработката. Тренерот Давиде Балардини истакна дека Пандев може да остане во неговиот тим колку што сака, односно, понуда за „доживотен договор“. Се разбира, капитенот на националниот тим е на залезот од кариерата, па добро ќе размисли – и ќе соопшти во јуни.

„По завршувањето на оваа сезона ќе седнам и добро ќе размислам, дали ќе продолжам да играм или не. Сега размислувам само за настапот во дресот на Џенова на следниот натпревар. Инаку, одлично се чувствуваме во Џенова и јас и моето семејство, и знам дека овде ќе останеме да живееме и понатаму. Во моментов се чувствувам одлично на физички план, и со моето искуство и континуитетот што ми го дава Балардини на теренот, доаѓаат и добрите игри и головите. Се надевам дека ќе продолжиме во ист стил и понатаму, до крајот на шампионатот во Серија А“, изјави Горан Пандев за италијанските медиуми.

 

Се вчитува...