„Пандевци“ не му простија на Металург

Лидерот на табелата во Втората лига, составот на Академија Пандев, оствари убедлива победа (4-1) на домашен терен против Металург. „Пандевци“ уште по првиот дел имаа водство од 2-0, најавувајќи дека трите бода остануваат во Струмица.

Младиот Јани Атанасов го отвори резултатот, а Зоран Балдовалиев зголеми на 2-0. Искусниот Балдовалиев во вториот дел постигна и втор погодок, а Кирче Крстевски во 61.минута беше стрелец на единствениот гол за Металург. Сашко Пандев четири минути подоцна го постави конечниот епилог на оваа средба.

Се вчитува...