Панучи концентриран само на фудбалот: Теренот е добар, условите еднакви за двата тима

Едно од најголемите италијански фудбалски имиња, Кристијан Панучи доаѓа во Струмица, како што вели, единствено концентриран на фудбалот и на ништо друго.

Постојано изминатиов период, од страна на Албанската фудбалска федерација но и во медиумите од западниот сосед се коментираше одлуката на УЕФА натпреварот да се одигра во Струмица. Дел од колегите од Албанија на официјалната прес-конференција ги интерeсираше повторно и мислењето на Панучи за импровизираниот прес-центар на стадионот „Младост“ во Струмица, кој е во склоп на ресторантската сала, но и за условите за игра… Панучи, не обрнувајќи воопшто внимание на прашањето за прес-центарот за кое не сакаше да коментира, потенцираше пак дека условите за игра, од тоа што видел, се добри…

„Се запознав со стадионот и со теренот за игра. Стадионот е мал, но мора да кажам дека теренот е навистина добар. Впрочем условите за игра се еднакви и за двата тима. Па, концентрирани сме само на фудбалот, на ништо друго“ – рече Панучи.

Се вчитува...